Во центарот на Прилеп на плоштадот “Meтодија Андонов – Ченто”, започна празнувањето по повод “Денот на народното востание – 11 Oктомври”.
Kako и секоја година и оваа учениците од сите основни училишта во градот изведоа кореографија преку која го направија македонското знаме.
Овој чин секогаш привлекува големо внимание кај прилепчани, кои беа присутни во голем број на градскиот плоштад.
Прославата на празникот продолжува вечерва и утре со следната програма:
Во 19:30 часот свој поздравен говор ќе има градоначалникот на општина Прилеп, Марјан Ристески.
Во 19:45 часот ќе се изведе симулиран напад на Участокот и огномет.
Во 20:00 часот започнува концертот на музичката група “Синтезис”, a на задоволство на младите во 21:00 часот ќе настапи Dj Meto s.
На самиот ден 11 Октомври, во 09:30 часот свежо цвеќе ќе биде положено пред спомен обележјата на Кузман Јосифоски – Питу, Методија Андонов – Ченто и Могилата на непобедените.
Од 10 – 14 часот ќе се одржи традиционалната “Kилимијада”, а истовремено ќе започне и автомобилската изложба “Тuning Car Show”.
На 11 Октомври започнува и фестивалот на медот во Прилеп, кој ќе трае до сабота 14 октомври.
А/Г/