МАКЕДОНСКИОТ МОНАХ И ДУХОВНИК НА ПУТИН: Отец Методиј сведочи за возобнувањето на Валаамскиот манастир во документарец на руската национална телевизија!

Македонскиот монах во Валамскиот манастир, Отец Методиј е еден од главните сведоци во најновиот документарец за возобнувањето на манастирот, по падот на комунизмот во Русија – пренесе порталот „Религија.мк“

Отец Методиј зборува за деновите кога заедно со Епископот Троицкиј Панкратиј ги почнале чекорите за враќање на духовноста на ова големо светилиште во Русија.

Во документарниот филм е прикажан животот на манастирот низ историјата и денес, како и огромните духовни заслуги кои манастирот ги има пред целиот свет.

Низ овој филм имате можност поблиску да се запознаете со отец Методиј, монах од Македонија, кој заедно со Владиката Панкратиј, е еден од возобновувачите на монашкиот живот на Валаам.

Документарецот го објави Преспанско-пелагониската епархија, со голема благодарност до Михаил Шишков, прес-секретар на Епископот Панкратиј, кој овозможил овој филм да биде достапен со превод на македонски јазик.

Извор: Инфомакс




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.