Македонската млада ракометна репрезентација до 21 година помина и преку домаќинот Алжир на Светското првенство.
Крајниот резултат 24:20 (10:11 на полувремето).
Дисциплираната и цврста игра беше клучна за победа над Африканците, кои се покажаа како доста тврд орев, а ветар во нивните гради беше и многубројната домашна публика во салата.
За четвртфинален противник Македонија ќе ја има секогаш силната Франција, која и не така убедливо ги порази Фарските Острови со резултат 28:25.
Нашите млади херои веќе направија голем историски исчекор на ова Светско првенство, со самиот пласман во осминафиналето.
Но, мотивираноста кај ракометарите на Македонија е на врвно ниво и сите се надеваме на уште поголеми успеси на ова натпреварување.