Македонија стигна до првото место во почетната групна фаза на Европското првенство во Хрватска и ќе пренесе 3 бодови во наредната фаза во Вараждин.
Конечни Германија-Македонија 25:25 (12:11 на полувремето), иако на двесетина секунди до крајот Стојанче Стоилов имаше шанса за водство, но одбрани вториот голман Хајневетер.
Во последниот напад Гроецки не успеа да зададе удар кон нашиот гол, па се чини крајниот резултат е фер за двете страни.
Во нашата репрезентација Филип Талески брилијантен со 6 погодоци, капитенот Лазаров постигна 5, исто толку имаше и Манасков, а Пешевски и Стоилов натпреварот го завршија со по 3 погодоци.
Кај Германците Вајнхолд постигна 8 погодоци, зад него со 5 заврши Генцхајмер.
БРАВО МОМЦИ, ОДНОВО ЈА НАПРАВИВТЕ НАЦИЈАТА ГОРДА!