МАКЕДОНИЈА ДОБИВА ПРИСТАП ДО 124 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: „Еден појас, еден пат“ отвара фонд од 124 милијарди долари од Кина за Македонија!

На отворањето на меѓународниот форум „Еден појас – еден пат“ во Пекинг на 14 мај рускиот претседател Владимир Путин повика на прекин на протекционизмот, за кој вели дека претставува закана за светската економија.

Put-svile-1068x613

Од своја страна кинескиот лидер Си Ѓинпин повика на изградба на отворена систем за меѓународна економија, соопшти Телевизискиот канал Press TV, а пренесува Ино.TV.

Кинескиот претседател Си Ѓинпин повика на изградба на слободна трговија и отворен систем за меѓународна економија на главниот економски настан во Пекинг. Тој додаде дека Кина е подготвена да издвои 124 милијарди американски долари за таа цел, велејќи дека секој што сака може да го преземе „патот кон идниот мир и развој на планетата“.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин повика на крај на протекционизмот, опишувајќи го како закана за светската економија.

-Сè повеќе очигледни се ризиците од фрагментација на глобалниот економски и технолошки простор. Протекционизмот станува норма, а негова скриена форма се едностраните незаконски ограничувања, вклучувајќи го и снабдувањето и дистрибуцијата на технологијата, – рече рускиот претседател.

-Неопходно е да се создаде модерен систем на транспортни коридори. Русија со својата уникатна географска положба е подготвена и за таква соработка, – предложи шефот на државата, цитира ТВ „Звезда“. Тој ја истакна потребата од доследно отстранување на инфраструктурните ограничувања за интеграција, потсетувајќи дека Руската Федерација постојано ја модернизира морската, железничката и автомобилската инфраструктура, го проширува капацитетот на Бајкалско-Амурскиот автопат и на Транссибирската железница, вложува многу средства за развојот на Северноморскиот пат за да го претвори во конкурентен транспортен правец.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.