МАЈКА МОНСТРУМ: Тригодишниот син во дворот смрзнал до смрт додека таа дрогирана спиела со момчето во куќата

Една мајка признала дека дозволила нејзиниот тригодишен син да се смрзне надвор и почине, додека таа дрогирана спиела во куќата.

Џејми Бејсингер се изјаснила за виновна за ненамерното убиство на Лендин Мелтон. Се очекуваа оваа 24 годишна девојка да помине меѓу 19 и 32 месеци во затвор.

Казната е резултат на спогодбата со обвинителството во Моргантон во Северна Каролина. Нејзината мајка кажа дека ова е нешто со што Џејми ќе мора да живее до крајот на животот.

-Ќе биде борба за неа и за сите нас, кажа нејзината мајка и додаде дека се уште постојат прашања кои чекаат одговор за смртта на тригодишното дете.

 

Лендин е пронајден мртов на 15 март кога една сосетка го видела како лежи во дворот и повикала полиција.

Обвинителката Мишел Липерт кажа дека веднаш стигнала на местото на злосторството и затропала на вратата од куќата каде живеела Џејми. Отворило нејзиното момче Џошуа Стефеј. Тој потоа отишол по Џејми. Двајцата признале дека два дена пред смртта на Лендин пушеле мет, а ноќ пред тоа марихуана.

Нејзиниот адвокат, Френк Вебстер кажа дека Џејми соработувала со властите затоа што и сама барала одговори, а била многу тажна и погодена поради смртта на синот. На судот рекла дека не разбира што се случило и дека ништо и нема смисла.

Детето пред смртта пробало да влезе во куќата.

-Кога тоа се случило, кога го виде Лендин како лежи, се скрши и почна да плаче и падна на подот. После тоа воопшто не престана да плаче, кажа адвокатот.

 

Но, трагите од прстите на стаклената врата откриле дека детето пробало да влезе во куќата пред да почине, што значи дека занемарувањето од страна Џејми довело до смрт. Обвинителите тврдат и дека детето имало крв на лицето, иако обдукцијата покажала дека нема никакви знаци на траума.

Детето дошло да живее со мајка само неколку недели пред тоа, после својот трет роденден.

Пред тоа живеел со Бренда Бесингер, својата баба и мајка на Џејми. Доколку Џејми и нејзиното момче не користеле дрога смртта би се водела како несреќен случај.

Тие двајца во ноември одбиле спогодба велејќи дека не се криви, но сепак признале кога заедницата се свртела против нив. Покрај затворската казна, Бесингер ќе мора да отслужи 72 часа општо корисна работа и да ги слуша наредбите од судот кога е во прашање нејзиното второ дете.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.