Лош пречек на Заев во градот херој?! На повидок катастрофа на СДС! (ФОТО)

Неславен пречек на Заев во Прилеп!

Во обид да го извади буквално од калта неговиот кандидат за градоначалник на Прилеп, денеска во посета на градот херој дојде Зоран Заев. Пред стотина членови од општинскиот огранок, од местото од каде пред еден година ја најави ДВОЈАЗИЧНОСТА, Заев 40 минути говореше за ДЕБАТА, притоа повторувајќи повеќе од 200 пати, дека дебата ние единственото нешто потребно во моментов.

Притоа додека говореше за “дебата”, Заев заборави на “робовите” во Еурокомпозит, за лагите за повисоки субенции (за кои изјави дека ќе ги нема), за “повисоките пензии” кои исто така ги нема, заборави  да “дебатира” за стопираниот референдум за стратегијата за бегалци, а не спомна ништо ниту за новата бугарска историја.

Залуден беше обидот да му помогне на Илија Јованоски, кој доживува дебакл деновиве поради небулозните изјави и немањето план и програма.

И додека Заев и Јованоски “дебатираат”, македонската економија крахира, а индустриското производство и во август забележало нов пад според статистика.

Додека дебатираа заборавија да објаснат и за 410 милиони евра нови задолжувања….

Вака прилепчани му посакаа добредојде и на ваков начин се вклучија во “дебатата” на Заев и Јованоски:

 

 

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.