Локвенец, Кокароска, Претседателот на совет во посета на Турција и нашинците таму ?!

Делегација на прилепски функционери деновиве е во посета на Турција. Покрај средбите со нашинците таму,сигурно станало збор и за некоја поголема економска активност на тамошните фирми во овој регион.

Актуелната политичка состојба, спорните закони и посебно двојазичноста во KOMUNA PRILEPI се неизбежни теми на кои би требало да има разговарано прилепската делегација. Спорно и некоректно е тоа што турското население иако е едно од најлојалните не ќе може своите потреби и услуги да ги добива на мајчиниот јазик исто како Албанците со новиот противуставен закон.

Се надеваме дека повеќе информации и резултати од посетата ќе добиеме по враќањето во KOMUNA PRILEPI на локалната делегација.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.