Лицето кое се удави во Охрид бил 80-годишен прилепчанец

156668470653a42a26c05a8274716119_orig-1024x768

Повозрасно лице вчера попладнето се удави во водите на Охридското Езеро, на плажата „Фиеста“ во населбата „Свети Стефан“.

Според првичните информации, станува збор за лице на возраст од околу 80 години од Прилеп, пациент на Кардиолошкиот завод во Охрид, кое имало здравствени проблеми.

Ова е втора жртва во Охридското Езеро, оваа сезона. Пред десеттина дена момче се удави во близина на „Машка плажа“ во Струга.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.