“Легендите на ракометот на прес конференција со Заев: Но, денеска НЕМА веќе ракомет?!”

Така беше тогаш, во предизборието за парламентарните избори 2016 година, кога се ветуваше се’ и сешто!

Здравствено и пензиско осигурување за спортистите и спортските работници, секој репрезентативец на Р. Македонија кој настапил на најмалку 10 официјални натпревари се стекнува со право на просечна пензија, формирање на спортски финансиски фонд…”, ветуваше тогаш Заев на прес конференцијата со поранешните прилепски ракометари и репрезентативци.

Денеска нешто повеќе од година дена подоцна, ништо од тоа не е исполнето, иако власта е во рацете на СДСМ и Заев не само на државно, туку и на локално ниво.

Ај што власта заборави, заборавија и спортистите кои на видеото во продолжение стојат зад сегашниот премиер.

Нека побараат сега од премиерот формирање на најавениот финансиски фонд и нека го вратат ракометот во Прилеп, кој за жал од вчера го нема.

Како што извести претседателот на Р.К. “Прилеп” Александар Мариноски, клубот се расформира и не може да продолжи да игра суперлигашки ракомет.

Причината веќе и е добро позната на целата јавност, а тоа е себичниот потег на новата локална власт предводена од СДСМ да престане финансиски да го поддржува клубот.

И сегашниот градоначалник Илија Јованоски со истите луѓе зад Заев ветуваше брда и долини за спортот во Прилеп, но денеска нема ниту најава за тоа да се оствари.

Прилеп остана одново да жали по најголемата љубов и тоа по само 7 години откако клубот се обнови и постојано бележеше значителни резултати.

Благодарение на општинските власти, ракометот одново умре во Прилеп, а на прилепчани ќе им биде ускратено уживањето во Универзална и во “Ристе Ристески- Ричко”.

Растурањето на Р.К. Прилеп стави и длабока сомнеж во искреноста на спортистите и спортските работници блиски до СДСМ, да направат нешто повеќе за спортот во градот.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.