Според последните случувања, Прилеп полека, но сигурно одново го губи ракометот, кој како спорт има долга традиција тука и е од огромно значење за градот.
Според она што го знаеме претседателот на ракометниот клуб “Прилеп” доби категорично “НЕ” од страна на новиот градоначалник и локалната самоуправа. Клубот е пред сигурен колапс, играчите подигнуваат исписници, а згаснување е најможната варијанта.
Речиси никој од поранешните ракометни имиња на Прилеп, не реагира на ваквите случувања. Иако дел од нив влегоа и во политиката, не го користат своето влијание да издејствуваат опстанок на ракометниот миленик на прилепчани, кој од 2010 година, па наваму редовно ги полни спортските сали во градот.
Молк и од екс репрезентативецот и претседател на новоформираниот Спортски Сојуз при општина Прилеп, Гоце Макалоски.
Без своја реакција е и Кристијан Илиески, поранешен ракометар и вработен во Тутунски Комбинат, а сега в.д. директор во Јавното претпријатие Пазари – Прилеп.
Кој сака и зошто ја уништува традицијата на негување на ракометот во Прилеп? Никој од локалните власти не се одважи да ги послуша ниту бројните реакции на граѓаните, како сето тоа да е невредно и безначајно.
Општината предводена од Марјан Ристески редовно го помагаше и финансираше клубот
“Новиот живот” донесе беда за спортот во Прилеп и ја уништува една од најголемите радости на прилепчани. Градот кој е познат по “гладот” за спорт и спортски случувања, ќе треба да се навикне да живее тмурно за викендите.
Фото: Гол.мк
Ако во предизборието за локалните избори се ветуваа “брда и долини” за спортот и младите во Прилеп, европски услови и европски клубови, сега на истите тие луѓе молкот им е најпаметна работа.
Еве што ветуваа тогаш Илија Јованоски и спортистите и спортски работници поддржувачи на СДСМ.
За разлика од својот прилепски колега, за поздрав е одлуката на општина Битола денеска соопшти дека за идната година како ставка во буџетот, планирани се 550.000 евра за поддршка на спортот. Па, и покрај тоа што клубовите остануваат без повеќе спонзори, градот ќе помогне спортот во соседниот пелагониски град да живее.
Фотографиите во продолжение со себе носат долга историја, традиција и имаат голема тежина. За жал, веројатно ќе останат само во сеќавање на сите.