Лажно го пријавила мажот за насилство: Сакала да оди на море со другарките пензионерки, а тој не ја пуштал -Кога се вратила, ШОК!

1200975_plaza-more-letovanje-foto-ap-mart-2017-11111_ls-s

 

Пензионерката Н.Б. од Бор Црна Гора, го пријавила, по се судејќи лажно својот сопруг З.Н. (75), за насилство во семејството, за да може заедно со своите пријателки пензионерки да отиде на море.

-Н.Б.  му рекла на сопругот дека со членовите на пензионерското здружение сака да оди на 10 дневен одмор на море. Му објаснила дека тоа нема да чини многу, но сопругот не дозволил поради ниската пензија која ја земале, пишува српски Курир.

Сопругот З.Н. рекол дека треба да се платат сметките, да се купат лекови и да се преживее до следната пензија.

Изнервирана од тој одговор Н.Б. се јавила во полиција и пријавила насилство во семејството.

Веднаш било известено обвинителството кое на “насилнико” му наредило оддалечување од станот и забрана за доближување до сопругата, се до затворање на постапката.

После тоа за Н.Б. немало повеќе пречки. Се спакувала и заминала со пријателките на море, каде се дружела и уживала.

Меѓутоа, кога се вратила, “мажот насилник” поднесол барање за развод на бракот, во кој заедно биле 40 години.
Ако се утврди дека неправилно го обвинила сопругот, ќе и биде поднесена пријава поради лажно пријавување.

 

А/Г/




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.