Докторот Ијан Пирсон тврди дека вештачката интелегенција и развојот на науката ќе му овозможат на луѓето да станат бесмртни.
Луѓето кои ќе ја дочекаат 2050 година ќе имаат можност да изберат бесмртност !
Тоа го тврди футурологот Др. Ијан Пирсон од Ипсвич, Велика Британија, наведувајќи дека вечниот живот, кој важи за Свет грал за кој луѓето трагаат од памтивек, ќе биде овозможен со развојот на генетскиот инженеринг, вештачката интелегенција и виртуелната стварност.
– Голем број на луѓе посакуваат бесмртност. Така било од секогаш, но разликата е во тоа што науката сега толку забрзано се развива, што би можела да ја овозможи бесмртноста. Оние кои ќе ја дочекаат 2050 година, можеби нема да умрат никогаш – вели Пирсон.