Taка е тоа во Прилеп, едно се вели, друго се прави, трето се мисли…. Откако СДСМ и Илија Јованоски ја презедоа локалната власт, прилепчани се навикнаа на различни изјави и секојдневна промена на ставови и мислења.
Градоначалникот кој не така одамна на Бадник не ги почести со подароци коледарчињата кои му дојдоа на гости во општината и тогаш рече дека општината и тој како градоначалник ќе останат секуларни, сега го честита Христовото Воскресение, Велигден.
И тоа не е ништо лошо, напротив, колку и тоа да не изгледа секуларно, Јованоски сепак застапува општина со најголем број македонско население, па негова должност кон граѓаните е да покаже почитување кон христијанското празнување на ваквите денови.
Меѓутоа, итиот тој Јованоски го памети цела држава дека додека неговите колеги од СДСМ во другите општини ги пречекаа дечињата предвесници на Христовото раѓање, тој не се појави пред нив и не ги удостои барем со некое скромно пакетче.
Кога веќе сега се одлучи да излезе од секуларноста во честитката кон прилепчани Јованоски добро ќе беше да го спомнеше и поскапувањето на сметките за вода кое Советот им го изгласа неодамна, како и поскапувањето на закупнината за тезги на пазарџиите кое се случи на вчерашната седница.
Значи убавите зборови во пораката во продолжение не се единственото нешто кое општината и градоначалникот им го сервираа на прилепчани за оваа празнична трпеза.