Потребни состојки:
500 грама мелено месо по избор
две поголеми тиквички (пресечени на долги и тенки резанки)
еден кромид
две чешниња лук и маслиново масло
100 милилитри пасиран домат
200 грама сирење по желба
едно јајце
сол и бибер
оригано
босилек
Подготовка:
Најпрво месото пропржете го со кромидот и лукот, кои ситно ќе ги исецкате, потоа зачинете со бибер и сол. Откако месото ќе добие боја, во смесата додадете го пасираниот домат, свежиот домат, оригано и босилек по желба. Месото нека се пржи на тивок оган уште 20 минути, а за тоа време вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Тиквичките, посолете ги да отстојат неколку минути. Од нив исцедете ја течноста, а потоа кратко пропржете ги на тава, од двете страни.
Во посебен сад измешајте јајце и пармезан, и додајте во смесата малку сол и бибер. Во садот за печење на дното ставете малку пасиран домат и наредете ги тиквичките, па потоа јајцето со пармезанот.
Потоа ставете го месото, а на него ставете од сирењето сирење. Постапката повторете ја додека ги искористите сите состојки.
На врвот ставете го остатокот од сирењето и прекриете со алуминиумска фолија, а потоа садот ставете го во загреаната рерна.
Печете околу 40 минути со прекриен сад, па потоа уште 5-10 минути без фолија, за јадењето да добие боја.
Ф/Г/