Петгодишниот Фин се кандидира на претстојните избори за градоначалник во едно канадско градче, а како што моментно стојат работите, најверојатно ќе победи.
Четириножниот кандидат е многу популарен во Сент Џон во Њуфаунленд, а неговиот сопственик Глед Редмонд е професионален дресер, кој ќе му помага во врска со имиџот во предизборната кампања.
Жителите на овој град веќе го познаваат Фин и велат дека би бил одличен градоначалник.