Ништо од најавеното намалување на цената на водата од предизборниот период..Тоа е одлука која што може да се донесе на секоја седница на Совет, се разбира ако треба и итна се со цел да се задоволи и оствари она што се ветувало…
Цената на водата во овој момент ви е позната, но сепак добредојдено би било поевтинувањето во секоја фамилија ако се знае дека секое семејство просечно троши од 15-20 кубици вода и за таа вода плаќаат од 510 до 680 денари…
Ако на таа сума намалиме 20% , веќе зборуваме за навистина сериозен износ. Воедно и давачката за канализација и одводнување треба да се намали од сегашните 3 денари по кубик, на 2.4 денари.
Граѓаните очекуваат да се реализира ветеното од билбордите на градоначалникот Јованоски.