Крушевчанец пријавил дека му се празнат резарварите со нафта, па полицијата имала што да види

95741

Синоќа околу 21:00 часот во полициската станица во  Крушево, телефонски се јавил диспечер од Македонски телекомуникации и пријавил дека во базната станица во Крушево, на местото викано „Црн Врв“, нагло се празнел резервоарот со нафта.

Полициски службеници од полициска станица во  Крушево излегле на местото и пронашле патничко возило „Тата Сафари“ со косовски национални ознаки, во кое имало 17 канистри од по 20 литри полни со нафта.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.