Крв, ножеви и паника на сите страни – ѝ го пресекол гркланот на келнерката

Едниот од тројцата напаѓачи влетал во преполно кафуле и ѝ го пресекол гркланот на келнерката, а потоа на еден од гостите му забил нож в грб, раскажуваат лондончани по синоќешниот напад кој се случи на Лондон бриџ и Бороу маркет.

 

krv-640x359

– Експресно се рашири паника во преполното кафуле во центарот на Лондон. Некој извика, ’Има човек онде со нож и доаѓа наваму!’Сите во кафулето почнале да се кријат под масите – изјави за „Си-ен-ен“ Елизабет Смедли, која била сведок на настанот.
Таа била меѓу толпата и се обидувала да се засолне во кафулето што се наоѓало неколку блока од Лондон бриџ.

– Еден човек со огромен нож тргна кон келнерката. Ѝ го пресече вратот, а после прободе друг човек во грбот. На крај истрча надвор од ресторанот – вели Смедли.

Некои од гостите викале дека имало уште некојк вооружен внатре во ресторанот, но било премногу хаотично за да се види јасно.

Дивеењето и убиствата беа дел од терористичкиот напад што се случи синоќа во Лондон. Во исто време, комбе ги поскоси пешаците на Лондон бриџ. Билансот е шест жртви, а полицијата соопшти и дека тројцата напаѓачи се убиени.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.