На прагот на 40-тата година Џанлуиџи покажа дека е најдобар меѓу голманите. Неповторливниот италијански голман и според многумина можеби најдобар во историјата вчера ја доби наградата за најдобар голман на светот во сезоната кога се простува од фудбалот.
Неделното попладне кај Италијаните е резервирано за нивното Калчо, секогаш шармантната Серија А. Колку и во различни сегменти да заостанува зад Шпанците, Англичаните и Германците, таа лига и понатаму го има оној Х-фактор, благодарејќи на безвременските лица како Џанлуиџи Буфон.
Баш во неделата тој гостуваше на североистокот на земјата заедно со неговиот Јувентус. Удине, место со околу 100 илјади жители со години има стабилен прволигаш кој е еден од ретките клубови кој може да се пофали со нов и убав стадион.
Дачија Арената го нагости вистинскиот победник и еден од најголемите голмани на сите времиња, а тој преполните трибини, освен со своето присуство, ги почести и со неколку невертојатни одбрани и тоа на прагот на 40-тата година.
Неговиот тим победи до 6:2, иако Џиџи два пати капитулираше, беше еден од најдобрите на теренот. Аплауз доби и од домашните фанови.
Еве и зошто.