Која е најчестата причина за смрт кај македонските граѓани?

Инфаркт и мозочен удар се најчестите причини за смртност во Македонија.

Зад нив се малигните, респираторните заболувања и дијабетесот, покажуваат анализите на Институтот за јавно здравје.

Според експертите околу 60 проценти од смртните случаи во земјава се поради кардиоваскуларни болести.

За подобрување на здравјето експертите советуваат: откажување од пушењето, умерено консумирање алкохол, здрава исхрана и редовна физичка активност.

Докторите од Институтот за јавно здравје апелираат дека освен превенцијата многу е важно да се подобри и социјалната заштита, како подобрување на стандардот на граѓаните и
екологијата. Загаденоста на воздухот е голем причинител за овие заболувања.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.