Косовската полиција вчера уапсила екипа на Радиотелевизија Србија која снимала во Пеќ четврта епизода од емисијата „Право на утре“, пренесува РТС.
Уредничката Светлана Вукмаровиќ рекла дека три членови од нејзината екипа биле претресувани, легитимирани и скоро пет часа сослушувани, пренесува порталот инфомакс.
Овој инцидент го пријавила Канцеларијата за Косово која интервенирала.
Уредничката рекла дека не била приведена цела група, бидејќи се наоѓале во друго возило, а биле паркирани пред самата полициска станица во Пеќ.
Како што објаснила, непознат Албанец пријавил во полиција дека видел камери, по што следувало апсење.
Членовите после час и половина откако сфатиле дека не ги пуштаат ја контактирале Кнцеларијата за Косово, со чија интервенција биле пуштени на слобода во 22:25 часот.
Претставник на ОЕБС преку Твитер порачал дека е загрижен поради приведувањето на екипата на РТС, наведувајќи дека новинарите не смеат да се соочуваат со опструкции за време на извршување на работните задачи.
Министерот за заедница и вицепремиерот на косовската влада Далибор Јевтиќ, кој на денешната седница на владата во Приштина соопштил дека претставници на Српска листа се повлекуваат од истата, го прокоментирал и апсењето во Пеќ.
„Јас навистина не знам какви се тие пораки и до кога вака“, рекол Јевтиќ денеска.