Пијанистката Огненка Герасимовска одржа концерт во Прилеп

IMG_8622

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ концерт на пијано одржа пијаниската, Огненка Герасимовска – Димитриовска.Пред присутната публика таа  изведе дела од композиторот Јоханс Брамс. Концертното пијано, на која таа свиреше е инвестиција која чинеше околу 1,2 милиони денари, а парите беа обезбедени со помош на локалната самоуправа и донатори.

IMG_8614

„Ова е мој прв мој концерт во Прилеп и сум изненадена, позитивно, од  пијаното што ми беше понудено да го реализирам концертот.“- истакна пијанистката

IMG_8619

Герасимовска – Димитровска дипломирала и магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Борис Романов. Досега се има претставено на голем број концерти во Македонија, Србија, Хрватска, Русија, Франција, Украина, Романија, Чешка, Косово, Израел, Германија, Австрија… Добитник е на голем број државни и меѓународни награди.

Следниот нејзин концерт е идната недела, во Кавадарци, а потоа Герасимовска ќе одржи концерт во Рим, Италија.

IMG_8618




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.