Концерт на детскиот хор “Мали ангели” (ФОТО+ВИДЕО)

_MG_8926

Синоќа, детскиот хор ,,Мали Ангели“ го одржа традиционалниот годишен концерт во големата сала од ЦК ,,Марко Цепенков“, која беше исполета до последното место. Малите хористи преку целовечерната музика изведба, едноставно, им ги раснежнија срцата на сите присутни.  40 – ет деца на возраст од 6 до 14 години, под  диригентство на  Маја Ристеска, пред публиката се претставија со 20-тина хорски песни, и уште еднаш ги потврдија своите вокални способности во хорско пеење, оставајќи впечаток на прилепската публика како интересен музички и културен бренд во својата категорија. Градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, истакна дека, години наназад, локалната самопуправа несебично им дава поддршка на овие мали хористи.

_MG_8894

_MG_8907

  • Низ детскиот хор „Мали Ангели„ во овој седумгодишен период од постоењето имаат продефилирано 100 деца, што говори за интересот на најмладите за хорско пеење. Детскиот хор „Мали Ангели“ денес преставува културен бренд на градот, но и на Р.Македонија, бидејќи е баран да настапува на многу манифестации како во земјава, така и во странство. На што како град сме горди!- истакна градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој присустуваше на концертот.

_MG_8946

_MG_8966

Детскиот хор  „Мал Ангели“ е формиран 2011-та година со цел  да ја развива музичката култура кај децата и да ги воведе децата во тајните на хорското пеење. Од своето постоење досега, детскиот хор „Мал Ангели“ настапувал  на различни свечености и манифестации, а веќе традицинално, секоја година, го одржува и својот годишен концерт, преставувајќи се пред прилепската публика. Детскиот хор  „Мал Ангели“ како проект  на „Арт 10„ продукцијата наменет за промовирање на хорското пеење кај децата, работи под покровителство на Општина Прилеп , градоначалникот и Министерството за култура.

_MG_8992

_MG_8980




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.