Континуираниот успех, заштитен знак на младите франкофони од ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп

По освоеното прво место на општинскиот натпревар по правопис/ спелување на француски јазик (Елена Пиловска), второто место на регионалниот натпревар (Георгина Илиеска), младите франкофони од ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп под менторство на наставничката Ирена Наумоска повторно меѓу најдобрите и на  државниот натпревар  кој се одржа на 2 декември 2017 на Филолошкиот факултет “Блаже Конески“- Скопје, во организација на Здружението на професори по француски јазик на Р.Македонија, во соработка со Филолошкиот факултет  и Националната комисија за франкофонија.

На натпреварот право на учество имаа ученици од седмо одделение, од основното образование и ученици од втора година од средно образование. Во конкуренција од вкупно 50 ученици  од основно образование, на државниот натпревар младите франкофони од ООУ “Гоце Делчев“ – Прилеп ги постигнаа следните резултати: ученичката Елена Митревска освои второ место а ученичките Георгина Илиеска и Елена Пиловска влегоа во најтесниот круг на натпреварувачи.

“Горда сум на успесите на моите ученици кои со голем интерес и мотивација се подготвуваа за овој натпревар. Љубовта кон францускиот јазик и посветената работа се предуслов за вакви резултати. Се надевам дека ќе продолжат со успесите и во иднина“- изјави наставничката Ирена Наумоска.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.