Конечно е откриено зошто го мразиме нашиот глас кога ќе го слушнеме на снимка

radio-stanica-2-620x350

Ако некогаш се имале можност да го слушнете вашиот глас на снимка, веројатно сте помислиле “Зарем звучам вака ужасно !?”.

Верувале или не, проблемот не е во вас, ниту во вашиот глас, а фактот дека имате лошо мислење за вашиот глас, ве поврзува со голем број на истомисленици ширум светот.

Кога зборуваме, нашите гласни жици вибрираат па слушаме два звука- својот глас и вибрациите.

– Додека зборуваме другите не слушаат “на звучници”, додека сами себе се слушаме низ друга комплексна “пештера” која се наоѓа во нашата глава. Звукот патува околу синусите, празните делови на нашата глава и до средниот дел од увото, па гласот кој ние го слушаме се разликува од гласот кој го слушаат нашите соговорници- објаснува Мартин Бирчал, професор по ларингологија од универзитетот во Лондон за “Тајмс”.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.