Прилепските бранители, луѓето кои во 2001-та година ги ставија на ризик своите животи за одбрана на татковината и во први борбени редови се бореа за зачувување на нејзините граници, унитарност и самостојност, кончено ќе добијат свој претставник во Советот на општина Прилеп.
Луѓето херои, од 15-ти октомври ќе имаат свој глас во општинскиот Совет кој ќе се бори за сите нивни права и потреби.
Се работи за Гоце Стефаноски, човекот кој во бурната 2001 година, рамо до рамо со своите соборци се бореше против албанскиот агресор.
Тоа е човек кој пред се е патриот, со големо срце, вечен борец за македонските права и правата на бранителите.
Името на Стефаноски котира на повисока позиција на кандидатската советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ.
Всушност токму оваа партија секогаш водела грижа за бранителите, а со овој потег раководството на Општинскиот Комитет Прилеп докажува дека и понатаму ќе ги поддржува овие луѓе.