Вака се работи со љубов и посветеност, кон општеството. “Комфи Ангел” и на крајот од годината покажа зошто е oпштествено најодговорна компанија во Македонија.
“Комфи Ангел” како општествено одговорна компанија преку целата година, така и пред новогодишните празници го подржa проектот #ијассумдедомраз од „Проект Среќа“.
Заедно со своите вработени од администрација и црквата Св. Благовештение партиципираа во подарување на новододишни пакетчиња за децата на кои им се најпотребни.
Истата мисија продолжи и во градската болница Борка Талески, каде Комфи Ангел ги израдува и децата од педијатриското одделение.
Овој гест на компанијата и црквата донесе голем број слатки насмевки кај најмладите.
Од компанијата им посакуваат на граѓаните “Среќни и весели празници и Среќна Нова Година”.