На вчерашниот натпревар од македонската Прва фудбалска лига помеѓу Вардар и Пелистер, навивачката група “Комити” го прослави својот јубилеј 30 години постоење.
Пред почетокот на натпреварот “Комити” заедно со музичката група “Некст Тајм”, во еден глас, ја запеаа легендарната македонска песна “Ја излези Ѓурѓо”, a глетката беше величенствена.
Низ стиховите на песната, одѕвонуваше 30-годишната љубов кон клубот и кон црвено-црната боја.