Навивачите на Вардар “Комити” вечерва на Арената “Филип Втори”, ја истакнаа славната порака на војводата Христо Узунов.
- “Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.
Oваа порака е дел од писмото кое Христо Узунов го напишал до неговата мајка непосредно пред да се самоубие, кога во далечната 1905 година во селот Цер бил опколен од турски аскер заедно со неговата чета.
Комити со оваа порака постапија комитски. Секоја чест!
А/Г/