Командант Форина вежба демократија во Собрание!? Ех СДС до каде стаса…!? (ФОТО+ВИДЕО)

Владејачкото мнозинство предводено од СДСМ и нелегално избраниот собраниски спикер Талат Џафери продолжуваат да спроведуваат вистински терор во Собранието на Република Македонија.

image-0-02-05-212a3265c00dbcb2be5090847bd24c3f938f25017ebf237b019f67d55fd3b00a-V

Џафери на денешната седница повторно повика на насилна интервенција против пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, откако одби да даде пауза, иако за тоа е обврзан согласно Деловникот. Џафери на дрзок и недемократски начин постојано влегува во конфликт со пратениците од опозицијата.

-Нас не ни е целта да има проблеми. Треба да ја смирите седницата за да тече како што треба, му порача на Џафери пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

image-0-02-05-ad25c291fb080fa55663acaf0e2d229067ae3f36a08b1b8512cf9d552cad783d-V

Димовски во текот на денешниот ден предупредуваше дека има тенденција во Собранието да се предизвика инцидент, кој го провоцираат претседателот Талат Џафери и другите пратеници.

image-0-02-05-6dcec7fb9e8d2023f4c9004c90b9502418d3fdda60c1e57fe2fb1d1ca2d06bac-V

-Обврската на сите нас е да бидеме и прибрани, и пристојни, и коректни и да се трудиме да не дојдеме до ситуација на какви било инциденти и провокации во Собранието, рече Димовски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.