Кого лаже Сугарески: Го немаше три месеци, па се обиде како свој да презентира уште еден проект на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, неможноста да се пофали со некој свој реализиран проект ја покрива со презентирање на проекти на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како свои.

Сугарески вчера изјави дека биле обезбедени се сите потребни средства, околу 70 милиони евра, за изградбата на експресниот пат Прилеп-Градско, конкретно делницата од Градско до Дреново. Сепак, фактите говорат дека Сугарески ја лаже јавноста.

 

-Својата неспособност и неработа владата и Заев ја покриваат со лаги и манипулации. Сугаревски лаже дека владата на СДС обезбедила пари за експресниот пат Градско-Дреново, тие не мрднаа ниту со мал прст. Очигледно немајќи со што владата започна да се фали со проекти започнати од ВМРО-ДПМНЕ. Делницата Градско-Дреново е само еден дел од трите фази на градба. А првата фаза започна минатата година и се гради на потегот Фаришка до Дреновска клисура. Што се однесува за грантот за кој се пофалија дека го обезбедиле единствено што направија е тоа што чекаа да заврши тендерот за градба кој веќе беше објавен уште септември минатата година, а кој е достапен и објавен на официјална страна на ЕУ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Сугарески.

За да се распише тендер мора да се обезбедат средства во буџет, а тоа е направено уште минатата година со грант средствата преку ИПА програмата.

-Нечесно е со лажливи тези да се замајува јавноста. Еве гледаме дека има застој и кај првата фаза на градба. Потребно е на дневна база да се решаваат проблемите. Во меѓувреме го чекаме барем првиот од 500-те километри автопатишта кои ги ветија, но очигледно и тоа е едно лажно ветување, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Претходно реагираше и екс-министерот Владо Мисајловски.

Извор: kurir.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.