Ако мислевте дека одењето на пракса секаде се сведува во правење кафе и одработување на приватните работи на шефот, а платата на приправникот е мизерна, се лажете.
“Гласдор” објави листа на најдобро платени приправници во САД, а на прво место е платата во Фејсбук која изнесува околу 10.000 евра месечно.
На второ место е Мајкрософт кој издвојува околу 6.500 евра по приправник месечно, а на трето место е “Сејлсфорс”. Потоа следат Амазон, Ејпл, Блумберг, Јаху и Гугл.
Прилично добро за еден приправник без работно искуство.
Ф.Г.