Дел од атмосферата пред куќата на @GruevskiNikola коа #шарениреволуционери а сега #шаренифункционери протестираа. Зашо @GruevskiNikola не се понашаше како #Ременаска?? #ПрашањаКоиМеМачат
Дел од атмосферата пред куќата на @GruevskiNikola коа #шарениреволуционери а сега #шаренифункционери протестираа.
Зашо @GruevskiNikola не се понашаше како #Ременаска??#ПрашањаКоиМеМачат pic.twitter.com/P00TPzTWHt— ☄СуперСултаНа☄ (@jjjjjjjjjjjj369) March 19, 2018
А бе кога дивеевте пред домот на #Ж тоа беше демократија. @Zoran_Zaev немаше порив да ги заштити неговите дечиња или тие не се важни, они може да се трауматизираат?
У режимот ептен слобода имавте за протест, ама у #Животов слабо. pic.twitter.com/H9pkkE6uog— Mrchatina (@Mrchatina) March 19, 2018
Вака #ШаренаРеволуција ОРГАНИЗИРАНА од СДС/СОРОС протестираше пред домот на господинот Никола Груевски, па не плачеше по Facebook.?#ИздржиФросе #Издржете44предавници ? pic.twitter.com/wytEK4quji
— Маче (@Vlatko100janosk) March 19, 2018
Изјавата на #Заеб дека со протестите пред куќите на пратениците се извршени неколку кривични дела е класична ЗАКАНА! Со која сака да го угуши гласот на народот…#Тажно@BritAmbCGarrett @AmbBaily ви избега од контрола.
— ПлемЕнка ? (@perfectlyslow) March 19, 2018
@Zoran_Zaev лично ќе ги заштител децата на пратениците, @FRemenski кривични ќе поднесувала, а Вие срцки кога протестиравте пред домовите на @GruevskiNikola тогаш тоа демократија беше нели? Или пак нешто сте ги помешале лончињата? #БрзоЗаборавате #НиеСепакДолгоПаметиме pic.twitter.com/utbO3ESwnq
— Maja Korovesovska (@MajaKoroves) March 19, 2018
За Ременски сега граѓаните што протестираат се „гробари на мирот“
Протестите пред домовите на пратениците кои гласале за донесување на Законот за јазици, вчера продолжија пред домот на пратеничката и потпретседателка на СДСМ, Фросина Ременски.
Таа за овој чин ја обвини опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Поради навредливите пароли кои биле скандирани пред нејзиниот дом, Ременски вели дека ќе поднесе кривична пријава.
„Во координирана организација со ВМРО-ДПМНЕ, позната група на партиски активисти протестираа со отров во устата и душата пред мојот дом. Нема да чекам никој да поднесе кривична пријава. Тоа ќе го направам јас лично со се што поседувам како доказ за кажаното. Тој фашизам и безобразлук ќе си го практикувате дома, зошто кај мене нема да ви помине“, пишува Ременски на социјалните мрежи.
„Вие сте вистинските и упорните гробари на иднината и мирот на земјата и верата во која се колнете“, пишува Ременски.
За време на протестот, нејзиниот дом го штитеа полициски службеници.