Во два часот по полноќ во Единицата за информации и команда Скопје било пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Србија“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир.
По завршување на работното време, вработениот одбил да им однесе пијалак на гостите кои седеле на една од масите. После тоа, две непознати лица започнале да го кршат инвентарот, да превртуваат маси и да фрлаат со маси и столови по останатите присутни гости во објектот, по што заминале во непознат правец.
На повреди се пожалиле повеќе лица, но само 45-годишниот В.Н.од Скопје побарал лекарска помош во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.