Граѓаните со голем интензитет го коментираат илинденскиот дебакл на Владата на Заев и СДСМ.
Реакциите на социјалните мрежи се жестоки, прецизни и креативни после комплетното фијаско на одбележувањето на Илинден на Мечкин камен и Пелинце во организација на Владата на СДСМ.
Вчерашните прослави на Пелинце и Мечкин камен поминаа со најслаба посетеност во историјата. И доколку на Мечкин камен некој би рекол дека посетеноста е слаба затоа што говор одржуваше нелегално избраниот претседател на Собранието Талат Џафери, со дебаклот кој се случи и на Пелинце кај меморијалниот дом на АСНОМ, е јасно дека граѓаните решија да направат голем удар и да пратат силна порака до СДСМ дека капитулантските договори како тој со Бугарија немаат поддршка од народот.