Канализациона мистерија во Женева: Фрлале банкноти од 500 евра во ВЦ шоља, па го затнале одводот

10.000 евра се фрлени во ВЦ шоља во швајцарската банка УБС во Женева, но и во тоалетите во угостителските објекти, пренесува британски “Гардиан”.

Швајцарските истражувачи тврдат дека пронајдената сума на пари, која ги затнала одводите во банката и во три угледни ресторани, дошла од приватниот сеф на швајцарската банка, а сефот го користела девојка од Шпанија.

Нејзиниот адвокат се појавил во локалната полициска станица, како би понудил пари за покривање на трошоците за водоинсталатерските работи.

Полицијата прв ја повикал келнерот од пицеријата “Ду Молард”, кога открил дека машкото ВЦ е затнато со банкноти од 500 евра кои завршиле во канализациските цевки.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.