Камерите снимија се: Мајка го остави своето дете на улица и побегна (ВИДЕО)

Откако го напушти, детето гледаше околу себе и ја бараше мајката, а потоа почна да ползи. Набрзо го виде вработениот на паркингот, кој за се ја извести полицијата.

majka-dete-640x360

Мајка од Кина на ужасен начин одлучи да се реши од своето дете. Нејзината постапка ја снимија безбедносните камери, а видеото набрзо се појави на Јутјуб.

На снимката доста јасно се гледа како мајка своето дете го остава на улица во подземна гаража во градот Гуијанг. Иако се чини дека мајката само сака да го пресоблече своето дете, таа уствари ладнокрвно го остава потпрено на ѕид, на доста прометна улица.

Откако го напушти, детето гледаше околу себе и ја бараше мајката, а потоа почна да ползи, пишува Дејли Мејл.

Набрзо го виде вработениот на паркингот, кој за се ја извести полицијата.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.