Според наши информации за вработените во “Еурокомпозит АД 11Октомври Прилеп” сеуште нема плати на сметките.
Вработените се уште ги очекуваат ветените 3 плати за 45 дена, но поминаа повеќе од 130 дена и ништо од ветувањето.
Преговорите со Владата и министерот Кочо Анѓушев со оглед на ова биле само обид проблемот да се заташка. Најлошото е тоа што според гласини на вработените им е ускратено правото на штрајк, a синдикатот не смее да дава изјави.
Наместо целосна плата загарантирана со закон, а притоа загарантирана и од вицепремиерот Анѓушев, новиот директор исплатил фиктивна плата од 1 денар, што е видливо од изводот кој претхоно го добивме.
И покрај ова кон крајот на септември Анѓушев дојде во Прилеп, но само да се слика на отварањето на новата германска инвестиција во технолошко – инудстриската зона Алинци, која ја донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако го очекуваа, Анѓушев заборави да ги посети вработените во компанијата и да им објасни зошто доцнат платите кои им ги вети.