Како подобро да спиете за време на пеколните температури

spavanje

Ако за време на летото навечер не можете да заспиете поради големата топлина, верувајте не сте единствени.

Иако го сакаме летото поради одењето на плажа, ледените овошни коктели и лесната памучна облека, понекогаш сакаме зимата што побрзо да дојде.

За време на ноќта не ја вклучуваме климата, па често поради жештините тешко спиеме.

Еве што ни преостанува да направиме за да го подобриме сонот и конечно да се разбудиме наспани:

Истуширајте се пред легнување – истуширајте се со млака вода, скоро ладна пред да си легнете. Таквата вода е добра за кожата, ќе ве освежи и ќе ве подготви за топлата ноќ. На овој начин исто така ќе се намали температурата на телото, па ќе ви биде полесно да ја „преживеете“ ноќта.Спуштете ги ролетните преку ден – по станувањето поместете ги завесите и подигнете ги ролетните за да се разбудите. Штом ќе затопли попладне, спуштете ги ролетните преку цел ден. На овој начин ќе спречите топлината да влезе во домот, така што вечерта ќе имате малку поладна соба.

Спијте сами – Без навреда за вашиот партнер, куче или дете… Но, мора да признаете дека кога има повеќе лица во креветот станува потопло, поради температурата која е покачена. Испробајте ја и соло варијантата на спиење. Раширете се преку креветот и уживајте во додатниот простор. Сонот сигурно ќе биде подобар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.