Како вардаровите херои Дибиров и Македа ја замолкнаа “Шпаркасен Арената” во Кил и ги оставија Германците со прстот в уста (ВИДЕО)


Вардар е на чекор од нов фајнал-фор и шанса за одбрана на титулата во Лигата на шампиони. Од оваа последна фаза го дели уште реваншот против Кил во Скопје, кого вчера со головите на Дибиров и Македа во последната минута го поразија со 28:29.

На 30 секунди до крајот Кил имаше водство од 28:27, при што акцијата на Вардар успешно ја реализираше летечкиот Русин, а при следниот напад Кил направи грешка, додека Македа успеа од аут во последните 3 секунди од натпреварот да ја погоди празната мрежа на Германција и да обезбеди предност пред дуелот во “Јане Сандански”.

Погледнете ги последите драматични 30 секунди од натпреварот и погодоците на Тимур Дибиров и Хорхе Македа:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.