Каков шок: Дошол дома и го нашол син му како си игра со заштедата

pari-iskinati

Вистински шок доживеал средовечен Кинез кога се вратил од град. Влегол во својата соба и на креветот и на подот пронашол искинати банкноти, во вредност од 50.000 јуани, околу 6.500 евра.

Кривецот за ова е неговиот петгодишен син, кој малку повеќе се заиграл и ја искинал оваа сума на пари, пишува Метро.

Но, тука не бил крајот на шоковите. Господинот со презиме Гао ја замолил својата банка да му ги замени банкнотите, но бил одбиен и му било кажано дека мора да ги залепи парите ако сака да ги замени.

Три дена поминал во обиди да ги спои парите, а признал дека не го криви својот мал син, затоа што детето се уште не знаело што прави.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.