Каков пар: Се качувале три недели на Монт Еверест, за да кажат “ДА” на висина од 5.180 метри

Vencanje-Mont-Everest-620x350

Американскиот пар Џејмс Сис и Ешли Шмидер решиле да направат неконвенционално венчавање, а со оглед на тоа дека станува збор за љубители на природата, не чудно што го одбрале Монт Еверест.

Покрај нив, на ова необично планинарење во траење од три недели тргнал и фотографот Шарлетон Черчил чија задача била да го овековечи овој момент за паметење.

Интимната венчавка, подалеку од сите пријатели, роднини и родителите, се случила на 5.180 метри надморска висина во близина на базната станица.

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.