“Какво лицемерие во населбата “Тризла” во Прилеп – погледнете ….” (ВИДЕО)

Деновиве министерот за транспорт и врски ја посети урбаната населба “Тризла” во Прилеп, тоа беше повод на денешната прес-конференција на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп.

Во медиумите на СДС помпезно одекна веста дека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и членови од раководството на СДС Прилеп ги посетија жителите на прилепската населба Тризла. И ветија што? Подобар живот?

Никогаш досега СДС не направиле ништо со што го подобриле животот на сограѓаните Роми и на жителите на оваа населба. Единствено доаѓаат пред секои избори, се фотографираат, даваат празни ветувања и си заминуваат, гледајќи на оваа населба само како на купче гласови потребни за избори а не како на сограѓани чии проблеми треба да се решаваат.

Ве прашуваме, ветивте ли нешто ново? Или заборавивте да каже дека со ребалансот на буџетот скративте дел од проектите за образование, за социјала, инфраструктура со кои овие граѓани би имале подостоинствен живот?

Како и секогаш успеавте само невешто да обвините друг за проблемите на граѓаните за кои вие не знаете и не можете да понудите решенија. Велите дека локалната власт ги заборавила и излагала, не направила ништо во изминатите 12 години.

Почитувани членови на СДС, бидејќи меморијата ви е кратка а гледаме и селективна, да ве потсетиме! Владата на ВМРО ДПМНЕ и Општина Прилеп секогаш покажувале длабока почит и вложувале во заедничкиот соживот со сограѓаните од Ромска националност, особено кон граѓаните кои живеат во УЗ „Тризла“.

Заедно ги делиме и решаваме проблемите, заедно ги прославуваме празниците и почитуваме традициите и тоа никој не може да го негира, зошто повеќе пати повторена лага не може да стане вистина.

Во УЗ „Тризла“ досега се има инвестирано многу во патната инфраструктура, се асвалтираа многу улици, се инвестираше во поставување на водоводна мрежа и приклучоци, се постави канализација, се поставија тротоари, осветлија улици, се реконструира ОУ „Добре Јованоски“ и се изгради нова спортска сала, се направија инвестиции во градинката „Тризла“ и се обезбедија услови за што повеќе дечиња од оваа населба. Голем број на Ромски семејства ги легализираа своите куќи и дворишта.

Зошто премолчувате дека инфраструктура по закон може да се гради само во делови кои се во градежен опфат а не било каде? Ова само ја покажува вашата незаинтересираност и намера да се манипулира.

Благодарение на заложбите на Владата на ВМРО и општина Прилеп активно се спроведува и проектот „Декадата на Ромите“ преку кој се поддржуваат деца бесплатно, да бидат вклучени во детските градинки, со цел за подобрување и поддршка на интеграцијата на децата Роми преку зголемување на нивниот број во предучилишните и училишните установи.

Да не заборавиме и дека со многубројните странски и домашни инвестиции и огромен број на граѓани од наслеба Тризла добија вработување и стекнаа услови за подостоинствен живот.

Еве вака се работи за подобар живот на сограѓаните! Животот на сограѓаните од Тризла ќе го носите ли преку кратење на капитални проекти, неисплата на субвенции, нелогични ребаланси и фотосесии за јавноста?

Ова нема да ви помине а потврдата за тоа ќе ви стигне на претстојните локални избори!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.