Од УХМР информираат дека ќе дува засилен северен ветер, кој на повеќе места повремено ќе достигнува брзина од 70 километри на час.
Околу пладне ќе има и појава на повремен слаб дожд, особено во северните делови. Температурата ќе се движи од 18 до 26 степени.
Умерен до засилен северен ветер ќе дува и во понеделник, а потоа следува период на стабилно и топло време.