“Каде исчезнаа лентите од Градежен инспекторат само за 5 часа?!” (ФОТО)

Изгореното кафуле “Галери Хаус Паб”, кое деновиве одново го добива стариот изглед пред подметнатиот пожар, сеуште е топ тема низ прилепската чаршија.

Откако на 31 декември минатата година беше подметнат пожар во овој локал, се говореше многу за причините, мотивите….

После се и после откривањето на сторителот од полицијата, сопственикот пред медиумите говореше и за наводно барање на рекет, при што случајот ја разгоре љубопитноста на прилепчани, па приказните беа најразлични.

Како и да е, локалот според најавите деновиве требаше да го добие стариот изглед и одново да започне со работа.

Но, се случи нов шок!

Градежниот инспекторат ја посетил летната бавча и залепил жолти траки на кои пишува “Затворено од градежна инспекција”.

Сопственикот ги повика на својот фејсбук профил претседателот на Совет на општина Прилеп Миле Талески и претседателот на локалниот клуб на млади од СДСМ, Валентин Божиноски, да дадат одговори за причините за ваквиот потег на градежниот инспекторат, посочувајќи дека се е во ред со неговата летна бавча.

Според минувачите и фотографиите кои ги добивме жолтите ленти од градежниот инспекторат биле отстранети неколку часа подоцна.

Дали градежната инспекција го повлекла донесеното решение и лентите се отстранети со нејзино одобрение или некој самоволно ги отстранил?!

Ова прашање беше главна тема низ чаршијата откако само по неколку часа жолтите ленти ги снема од објектот.

За потсетување во Законот за градење се предвидени високи глоби доколку не се почитуваат решенијата донесени од градежните инспектори.

До каде ќе оди сагата со овој локал, останува да видиме.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.