Возбудливо е да се работи на 2.500 метри височина, вели единствената жена – пилот на хеликоптер во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Кавадарчанката Весна Петреска има 28 години и работи меѓу 15 колеги-мажи. За МИА таа вели дека во оваа доминантно машка професија дури и во светски рамки, таа воопшто не се чувствува дискриминирана, ниту обесхрабрена. Нагласува дека е рамноправна со колегите кои и даваат поддршка и со респект гледаат кон неа.
– Многу луѓе се чудат затоа што сум пилот. Затоа што според нив, за женско било типично да биде стујардеса, но не и пилот. Така всушност и започнува мојата животна приказна. Порасната сум во средина која смета дека кога се во прашање воздушните летала, женско може да биде стујардеса. Отсекогаш имав желба да бидам горе во височините, но како мала дури и самата не верував дека еден ден можам да бидам пилот. Верував дека ќе бидам стујардеса, ама важно ми беше да летам, да бидам горе во височините, открива Петреска.
Целото интервју прочитајте го ТУКА