Секој кој некогаш сонувал за куќа во мало градче во Италија, сега може да ги оствари соништата и тоа за само еден долар.
Ололаи, градче во Сардинија продава стотина напуштени куќи за само еден долар.
Градоначалникот на овој начин се обидува да го спаси местото од изумирање. И другите рурални места во Италија се обидуваат на сличен начин да поттикнат доселување, но Ололаи, изгледа е првото градче кое ќе успее во тоа.