Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас потврдува дека ќе има ревизија на учебниците во Македонија. Комисијата која тој вели дека е договорена со неговиот коелга Никола Димитров започнува со работа на 4 ноември. Коѕијас уште на 29 септември изјави дека на 4 ноември мешовита грчко–македонска комисија ќе прави ревизија на македонските учебници по историја и „ќе ги вади сите примери кои според Атина се иредентизам“.
На интернет страницата на грчкото Министерство за надворешни работи уште стои транскриптот од интервјуто на Коѕиjас за утринската програма на грчката национална телевизија во која што тој вели дека очекува до почетокот на февруари во македонските учебници да нема веќе иредентизам.