Китот “убиец” Вики од францускиот морски парк научил да говори.
Оваа орка, што е најголем вид на делфин, може да изговори дури шест зборови – здраво, збогум, Ејми, еден, два и три. Тоа го прави со помош на отворот за испуштање на воздух.
За сега не е познато дали може да ги користи тие зборови во комуникација, но научниците се оптимисти.
– Се надеваме дека Вики наскоро ќе може да разговара со нас. Тоа е направено со некои видови папагали и делфини кои научиле знаковен јазик, па можеле да комуницираат со луѓето, вели Др. Хосе Абрамсон, научник од Универзитетот во Мадрид.